По повод Меѓународниот ден на старите лица – 1 Октомври, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово, во соработка со Здружението на пензионери од Куманово, на ден 01.10.2026 реализираше работилница во Дневниот центар за стари лица со активно стареење.
Според објавата на Црвен крст Куманово, работилницата ја спровел социјален работник од Центарот за социјални работи од Куманово и била посветена на правата и социјалната и здравствената заштита на старите лица, со информативни и превентивни активности. Учесниците биле информирани за достапните форми на поддршка, значењето на превентивната и здравствена грижа и можностите за активно стареење. Воедно бил промовиран Дневниот центар за стари лица со активно стареење и неговите активности насочени кон социјална вклученост, дружење и подобрување на квалитетот на животот на старите лица.