Нереално е микро и малите занаетчиски фирми да опстојат и да обезбедат 18.000 денари минимална плата, во време на пандемија и ограничен пазар, реагираат од Занаетчиската комора. Од ова здружение укажуваат дека иницијативата за зголемување на минималната плата е за поздравување, меѓутоа посочуваат дека се неопходни субвенции од државата за нејзината реализација.
-Ние сме уште во криза, едвај ја плаќаме оваа минимална плата и другите давачки кои што ги имаме на државата, но би сакал и да нагласам без оглед која ќе биде власта, доколку се направи минималната плата 18.000 денари, би нагласил дека мора да се субвенционира, така што ќе додадат 3.000 денари во таа наша минимална плата како што даваат на јавната администрација-вели Агрон Фазлии, претседател на Занаетчиска комора.
Од Занаетчиската комора бараат и нивните членови, занаетчиите со мали фирми, да се ослободат од плаќање на индустриска електрична енергија, која што велат е прескапа. Апелираат да се изнајде друга гранка за оданочување, помеѓу домаќинства и индустрија, за да им се олесни и така лошата економска состојба.
ВИДЕО НАСКОРО