Јавното претпријатие „Куманово гас“ аплицираше со два проекти на вториот владин повик од инструментот за капитални инвестиции во општините.
„Станува збор за изградба на гасоводна мрежа на улици во должина од шест ипол километри на повеќе локации во Куманово“, информира директорот на ЈП „Куманово гас“ Марко Митровски.
Општина Куманово на вториот повик аплицираше со 11 проекти, со вкупна вредност од 814 милиони денари.
На првиот повик беа одобрени проект за изградба на инфраструктура во индустриската зона Речица, реконструкција и изградба на атмосферска канализација на улица „Бајрам Шабани“ и проширување на гасоводната мрежа кон индустриските капацитети во Доброшане.