Од дневниот билтен на Секторот за внатрешни работи Куманово ги издвојуваме настаните:
Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека вчера попладне во полицијата од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено едногодишно дете од с. Отља, општина Липково, кое што било затруено со лекови. Извршен бил службен разговор со лекарот и родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител. Се работи на расчистување на случајот, соопштија надлежните.
Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер лишиле од слобода 48-годишен кумановец бидејќи кај него била пронајдена бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Во СВР Куманово вчера било пријавено дека настанал пожар во отпад на улицата „Индустриска“, при што гореле гуми, стари хаварисани возила, дрва, сува трева и пластика, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Пожарот е изгаснат од екипи на противпожарната единица од Куманово.