Во летниот приод вообичаено е резервите на крв да бидат намалени заради повеќе причини, но секогаш има доволен број на крвни единици за пациентите кои што имаат потреба, информираат надлежните од Службата за трансфузиона медицина Куманово.
Според раководителот на службата, д-р Дритон Биљали, најважно е да се поттикнуваат граѓаните кои што никогаш не дарувале крв да станат редовни крводарители.