Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 956 издадени платни налози повеќе од половината, односно 725 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата во текот на вчерашниот ден санкционирани биле 17 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и четворица пешаци и двајца возачи на електричен тротинет, информира МВР.
