Здружението на граѓани „Коледари“ денеска по 25 -ти пат организираше прослава на Бадник за сите граѓани на Куманово. Традиционално, собирното место е Касапски круг, по што со музика се продолжува во соборниот храм Свети Никола каде што се крши лепче со паричка и се избира новиот кум, а празнувањето завршува на плоштадот кај центарот за култура со народна веселба, греана ракија и делење на осветени бадникови гранчиња, кои коледарите деновиве ги собраа во селото Колитско.
Кум на годинашната организирана прослава е Драган Трајковски.
