Кабелската телевизија Мултимедиа и годинава со организирано празнување на предвесникот на Христовото раѓање, Бадник во населбата Карпош. Во присуство на голем број граѓани, бадниковата трпеза беше осветена од свештени лица од Кумановско-осоговската епархија, а се делеше и лепче со паричка, се запали бадниковиот оган, се пееше, се играше.
Кумството е предадено на 32- годишниот Антонио Величковски од Карпош, кој што ќе биде кум на прославата на Бадник следната година.

Организаторот, кабелската телевизија Мултимедиа и годинава додели стотина вредни награди на кумановци кои што учествуваа во наградната игра. Услов за учество во наградната игра е да бидат подмирени сметките за кабелската телевизија за претходната година, заклучно со декември месец.

Претходно, беа доделени и новогодишни пакетчиња на дечињата.