ВИДЕО: Мулти Арт и ТВ Плус во хуманитарна мисија
Уште само неколку дена до Велигденскиот хуманитарен концерт посветен на нашата млада сограѓанка Александра Митровска, а во организација на Асоцијацијата за култура и уметност Мулти Арт и ТВ Плус.
Голем број познати музички имиња ја поддржаа хуманитарната мисија и на вториот ден од Велигден на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од срце ќе пеат за 21-годишната кумановка која боледува од церебрална парализа.
На граѓаните им останува само навреме да купат билети и да придонесат во обезбедувањето на подобар живот на Александра.
„Ќе имате можност да уживате во убавата македонска музика, а истовремено ќе ја покажете вашата хуманост“, велат од Мулти Арт.