ВИДЕО: Наскоро ќе почне реконструкцијата на малиот плоштад и првиот дел од пешачката зона

Наскоро ќе почне реконструкцијата на малиот плоштад, информираат надлежните од општина Куманово. Според проектот предвидено е спојување на двата плоштади во пешачка патека, која ќе се изведува во три фази. До крајот на годината би требало да заврши првата фаза која предвидува реконструкција на малиот плоштад, како и спојување со главната улица, на која сообраќајот првично ќе се одвива во одреден дел од денот, а подоцна според планот е предвидено да биде целосно затворена. Средствата веќе се обезбедени од општинскиот буџет.

Коментари

коментар(и)