ВИДЕО: Тече имунизацијата со трета доза

На пунктот во Куманово продолжува масовната вакцинација. Тече и имунизацијата со трета доза. Се аплицира вакцината Фајзер, без оглед на претходните две дози. Засега со трета доза се имунизираат здравствените работници и повозрасните лица.

-Во однос на несаканите реакции после третата доза досега граѓаните не се жалат на појава на некои реакции, истите се како и по апликација на првите две дози, болка на местото на убод, малаксаност, главоболка, но сите симптоми траат максимум до три дена и се повлекуваат-информира Монализа Мемети, лекарка Здравствен дом Куманово.

Пунктот во Куманово во моментов располага со вакцините „Фајзер“, „Астра Зенека“ за повозрасни и се врши ревакцинација со „Синовак“. Досега во Куманово се аплицирани над 70.000 дози вакцини.

Коментари

коментар(и)