Со изложба на триесетина дела вчеравечер беше затворена меѓународната ликовна колонија „Куманово 2026“.
Во комплексот Етно село Тимчевски изминатите пет дена ликовните уметници од Македонија и регионот твореа на слободна тема, а им беа доделени и благодарници за нивната креативност, посветеност и учество на ликовниот камп.
Манифестацијата со пригодни зборови ја затвори претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.
Ликовната колонија е во комплетна организација на Фондацијата за култура и спорт Куманово во соработка со уметничката галерија на НУ Музеј – Куманово, под покровителство на Градоначалникот и Советот на Општината, со поддршка на Министерството за култура и туризам на РСМ.