Корисниците на улиците „Бранко Богдановски – Гуцман“ и „Драган Стопаревиќ“ утре, од 09 до 12:30 часот ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи. Истиот ден, во периодот од 09 до 14 часот ќе има прекин на електрично напојување во селото Жегљане, општина Старо Нагоричане.
Прекините се планирани поради работи на електродистрибутивната мрежа, известуваат надлежните.