ВИДЕО: RiverSoft отвори премиум салон

Реномираната компанија RiverSoft отвори премиум салон за бела техника и компјутерска технологија во Куманово. Компанијата досега распола со шест салони на ниво на државата. Кумановци ќе можат да набават бела техника, телевизори, апарати за домаќинство, и друга опрема. Салонот е на површина од 1.000 метри квадратни.

-Се работи за реномирана фирма од областа на ИТ и бела техника, риверсофт компјутери, зад себе има шест дуќани низ Македонија, Куманово е седмиот и е премиум салон, нешто ново за Куманово. Преку 1.000 метри квадратни, може да се најде какво било парче за евтини пари, од VOX програмата и останатите. За кумановци може да ги повикам да дојдат, ги очекува забава, попусти до 70 проценти-изјави Иван Накевски, менаџер на салонот.

Салон се наоѓа на улицата Железничка, спроти касарната, а располага и со сопствен паркинг простор.

Коментари

коментар(и)