Вонредна крводарителска акција

Општинската организација на Црвен крст Куманово организира вонредна летна крводарителска акција која ќе се одржи во среда. Акцијата која ќе биде во центарот за култура, ќе почне во 09, а ќе трае до 15 часот.

-Ги охрабруваме сите здрави и подобни лица кои ги исполнуваат условите за крводарување да даруваат со цел  снабдување со крв за пациентите кои имаат потреба од трансфузија. Посебен апел упатуваме до крводарителите со крвните групи А+ и 0+, но секако се добредојдени и крводарителите со останатите крвни групи. Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот-стои во соопштението.

Коментари

коментар(и)