Во понеделник нова седница на Советот

Во понеделник со почеток во 10 часот ќе се одржи осумнаесетта седница на Советот на Општина Куманово. На дневен ред ќе се најдат вкупно 19 точки.

Советниците ќе расправаат за извештај за реализација на програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2022 година, предлог – програма за работа на Советот за оваа тековна година, предлог – решение за давање согласност на одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“ , предлог – решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – паркинг“, како и предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2023 година.

Пред советниците ќе се најде и предлог – Одлука за давање согласност за преземање на работници од ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово во ЈП „Куманово – паркинг“, Предлог – Одлука за давање согласност за ангажирање на 30 работници во ЈП „Куманово – паркинг“ – во 2023 година преку приватна агенција за вработување, предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2023 година на ООУ „11 Октомври”.

Советниците ќе дискутираат и за стратегија за рурален развој на Општина Куманово за период 2023 – 2027 година, информација за запишување на ученици во I-ва година и актуeлни состојби на средните училишта и ЈУ – ОУД „Професор Мијалковиќ“, информација за запишување на училишните обврзници во прво одделение во општинските основни училишта и актуелни состојби во основното образование.

На дневен ред ќе се најде и Предлог – План за одржување на јавните патишта, Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема (реклами) на подрачјето на Куманово, предлог – Одлука за финансиска поддршка за вршење работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица, Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Куманово – паркинг“, предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Водовод“ , предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2023 година, предлог – Одлука за разрешување и именување на членови на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво и предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во СОУ Гимназија „Гоце Делчев“ – Куманово.

Седницата која ќе започне во 10 часот, можете да ја следите во живо на ТВ Плус.

Коментари

коментар(и)