Градоначалникот Димитриевски изрази сочувство на неговиот колега од Гостивар

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски изрази сочувство до неговиот колега од Гостивар, Арбен Таравари за загубата по трагичната сообраќајна незгода што се случи на автопатот Скопје- Тетово.


-Како Градоначалник и како општина, Ви стоиме на располагање за поддршка и помош во моментите кога ви е најпотребно. Ве молам, пренесете искрено сочуство до семејствата на загинатите, а на сите повредени им посакувам побрзо закрепнување.  Во оваа тешка ситуација нема зборови кои ќе ја намалат тагата и болката за изгубените животи, но со нашите мисли Ви посакуваме да најдете олеснување и надеж за да продолжите понатаму-стои во пораката која ја испратил градоначалникот Димитриевски.

Top of Form

Коментари

коментар(и)