Дамјановски: Заедно ќе се отворат двата базени

Од 10-ти до 15-ти јули е предвидено да се отворат двата градски базени, заедно со аква паркот. Градоначалникот Зоран Дамјановски, информираше дека пуштањето на затворениот базен, кој веќе целосно е завршен, е пролонгирано, со цел овој значаен проект да биде одбележен со голема свеченост.

-Тоа ни е зацртан рок со изведувачот, некоја фаза е близу до целосна имплементација, инаку затворениот напрaвена е техничка проверка, тестови на машинскиот дел, наполнет е, сите дефекти околу прочистување -изјави тој.

Дамјановски најави дека деновиве ќе биде распишана тендерска постапка за изградбата на паркот, кој ќе се наоѓа на сегашниот паркинг простор.

-Ќе имаме неколку фонтани, скулптури, тука ќе биде локација за споменици на паднатите бранители, ќе биде парк за млади, ќе направиме една целина-додаде тој.

Градоначалникот се надева дека до тогаш ќе бидат завршени и тениските игралишта кои што ги гради Агенцијата за млади и спорт. Со истите ќе стопанисува општината, односно Секторот за спорт и култура.

 

 

Коментари

коментар(и)