Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Куманово реализираше превентивна акција насочена кон зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот во периодот на летните патувања.
На повеќе локации во градот на граѓаните им беа поделени флаери со совети за безбедно патување, со посебен акцент на подготовката на возилото пред подолг пат и одговорното однесување во сообраќајот.
Од особена важност при патувањата е и однесувањето на самиот возач. Се апелира возачите да останат фокусирани на патот и да не го користат телефонот додека управуваат со возилото. За подолгите патувања се препорачува да се патува во раните утрински часови, одморени и наспани.
„Превентивните активности имаат за цел да ги потсетат граѓаните дека безбедното патување започнува уште пред да се стартува возилото, со навремена проверка на неговата исправност и одговорно однесување на патиштата“, истакна Лиле Младеновска, началник на Отсекот за превенција при СВР Куманово.