Државно првенство за основци и средношколци во пливање

Ученици од основни и средно училишта од државата денеска учествуваа на Државното првенство во пливање кое се одржа на затворениот градски базен во Куманово. Пливањето го организира Федерацијата за училишен спорт, Агенцијата за млади и спорт, општина Куманово.  

Директорот на федерацијата, Александар Туфекчиевски, на натпреварувачите им посака успех.

-Градот домаќин Куманово традиционално организира огромен број на спортски манифестации од училишниот спорт, а секако овде сме и втора година каде што се одржува државно првенство во пливање за основни и средни училишта во училишниот спорт-нагласи тој.

Томислав Андоновски, од  Агенцијата за млади и спорт нагласи дека за наредните години е планирано агенцијата да вложи средства за изградба на пливачки базени.

-Да го искажам задоволството што Федерацијата на училиште спорт на својата програма го става и пливањето како задолжителен спорт од нивната програма. Ме радува што денеска сме во овој прекрасен објект и овој убав град. Пораката на Агенцијата за млади и спорт е дека во пливањето мора да се инвестира. Во наредниот период планираме во наредните две години да се изградат 15 пливачки базени во кои веруваме клубовите ќе си го најдат своето место-истакна тој.

Најдобрите пливачи  на денешното државно првенство ќе добијат пригодни награди.

Коментари

коментар(и)