Завршна форумска сесија, граѓаните бираат најуспешен проект

Претставници на локалната самоуправа, невладиниот сектор, образованието, здравството, месните заедници, граѓански активности денеска присуствуваа на завршната форумска сесија која ја организира Советот на општина Куманово, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој е финансиран од организацијата за развој на Обединетите нации, а поддржан од Швајцарската агенција за соработка и развој. На сесијата ќе се избере најуспешниот проект за кој се предвидени 50.000 швајцарски франци. Целта на форумот е зголемување на учеството на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво.

-Веќе во потесен избор се шест-седум проекти, самите граѓани преку овие целни групи ќе гласаат и ќе го одберат најуспешниот проект кој ќе ги добие овие средства и со тоа ќе придонесе за подобар развој на заедницата и со тоа ќе придонесат за подобар развој на заедницата. Да не го заборавиме и делот околу техничкото јакнење на Советот, имено преостанатите 12.000 илјади долари ќе бидат употребени околу реновирање и информатичко јакнење на салата на општинскиот Совет.  Тоа ќе значи дека ќе имаме нова опрема, во столици маса, можеби околу системот на гласање, адаптирање на општинската сала бидејќи знаете дека се работи за стар објект на кој му се потребни многу поголеми интервенции но со овие средства се надеваме дека ќе има подобри услови за работа и на членовите на Советот, медиумите, заинтересираните граѓани-истакна претседателката на Советот, Атина Мургашанска.

Во рамки на првиот дел од проектот беа реализирани и дестина обуки на различни теми од сферата на надлежностите на општината и Советот. Претставниците на Советот имаа можност да стекнат знаења од урбанизмот, образованието, културата, нивните права и обврски, родовата еднаквост, односите меѓу етничките заедници и другите надлежности од локалната самоуправа.  

Коментари

коментар(и)