Започнува кампањата „Ги запознаваме ретките болести“

„Ги запознаваме ретките болести“ е насловена кампањата којашто ќе се спроведува во февруари на повеќето медиуми во државата, а ја организира здружението Живот со предизвици, активистот Гордана Лолеска и охридското Супер радио. Тие изработија мини проект со цел граѓаните поблиску да се запознаат со ретките болести. Кампањата, односно видео спотови и информативни текстови, од денеска ќе се емитуваат и на ТВ Плус.

-Овој мини проект е едукатицен со цел да се запознаат граѓаните на Македонија со 28 дијагнози со кои заболуваат пацинетите но и да ги потсетиме докторите, особено педијатрите кои се клучни за дијагностицирање, кои првин треба да ја постават дијагнозата за таа да биде навреме лекувања.  За секоја ретка болест одделно се објаснува каква е болеста, каков е начинот на дијагноза, има ли лек за неа, дали тие лекови се достапни за пациентите во Република Македонија. Натаму, кои се проблемите со кои се соочуваат самите пациенти но секако и нивните семејства, бидејќи кога страда член од семејството, страда и целото семејство, вели Лолеска.

Ова е само продолжување на активностите за запознавање на јавноста со ретките болести. Минатата година беше промовирана химната на Децата со ретки болести, насловена „Сите сме исти“ во изведба на најдобрите на талент шоуто OhridSUPERSTAR. Во октомври 2017-та година, „Македонски пошти“ ја издадоа првата поштенска марка во светот посветена на децата со ретки болести, а кампања за издавање на поштенска марка посветена на една ретка дијагноза ќе има и оваа година.

Коментари

коментар(и)