„За наше Куманово“: Отчетна и одговорна општина за сите

Една општина може да биде успешна само доколку е отчетна, транспарентна и одговорна во нејзиното делување. Куманово покажа дека може да направи развој и напредок на овој план, истакнаа од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.

Кандидатот за советник, Борис Станковски истакна дека предвидуваат, креирање на нова инклузивна веб-страница на Општината за лицата со попреченост да имаат пристап до информации, модернизација и редовно ажурирање на сите информации, кои што се од јавен интерес.

– Нашиот план е организирање на разни форми на јавни средби, со цел зголемена двонасочна комуникација со населението.  Ќе отвориме и канцеларија, Инфо центар – услуга на едно место во рамки на Општината, во која граѓаните од страна на административните службеници ќе ги добиваат сите потребни информации кои се во надлежност на локалната власт. Преку нова веб-апликација и мобилна апликација, граѓаните ќе можат полесно активно да испраќаат предлози, поплаки и барања во врска со актуелни проблеми со неколку клика во апликацијата, при што истите веднаш ќе бидат проследени до надлежната служба во Општината или јавните претпријатија-нагласи тој.

Од иницијативата За наше Куманово нагласија дека ќе се зголеми бројот на отворените денови за средби со граѓаните, ќе се организираат панел дискусии, младински форуми.

 

Коментари

коментар(и)