Кабинет по моден дизајн ќе добие „Перо Наков“

Кабинет по моден дизајн наскоро ќе добие економското училиште Перо Наков. За оваа цел ќе бидат одвоени средства во висина од 3.600 евра, кои се донација од германската амбасада.

-Заедно со Секторот за стратешко планирање и локален економски развој колешките од профилот за моден дизајн аплициравме за проект и добивме помош од страна на германската амбасада. Помошта се состои во опремување на кабинет односно училница за одржување на настава од профилот дизајн на облека, кој ќе биде според најсовремените достигнувања во оваа област-изјави директорката Лидија Тасевска.

Директорката на Перо Наков нагласи дека ваков кабинет досега немале во училиштето.

-Овој кабинет ќе значи многу  воопшто за нашето училиште  но посебно за учениците кои оваа струка ја изучуваат ќе значи на некој начин практично изведба на наставата меѓутоа и можност своите способности најдобро да ги усовршуваат. Според планот ќе започнеме со работа веднаш откако ќе заврши официјално учебната година после 10-ти јуни до 10-ти наредниот месец  кабинетот ќе биде опремен со овие работи што се предвидени за негово функционирање, така што се надеваме дека со почеток на идната учебна година ќе стартуваме со нов модерен кабинет-изјави таа.

Тасевска нагласи дека профилот моден дизајн во нивното училиште е воведен пред четири години. Додаде дека секоја година се зголемува бројот на заинтересирани ученици.

 

 

Коментари

коментар(и)