Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека изминатата ноќ во 03 часот, во полицијата било пријавено дека на плоштадот „Нова Југославија“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две кумановки на возраст од 25 и 30 години, жители на село Режановце.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштија надлежните.