Во организација на НУ Центар за култура „ Трајко Прокопиев“, дваесет и осмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „ Денови на комедија “ ќе се одржи од 24 септември до 10 октомври годинава.
Љубителите на театарската уметност ќе имаат можност да уживаат во 11 претстави во изведба на театри од Македонија, Србија и Бугарија.
Отворaњето на фестивалот е на 24 септември (среда) со претстава на велешкиот театар „Госпоѓа министерка“, во режија на Синиша Евтимов.
„Разбуди се Тина“ е претстава на Театар Куманово, во режија Драгана Таневска која ќе ги затвори меѓународниот фестивал „Денови на комедија.
Традиционално, меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ го затвора Театар Куманово, годинава со претставата „Разбуди се Тина“ во режија Драгана Таневска.
На програмата се и претставите: „Рибарски караници“ на Битолскиот театар, „Бог на колежот“ на МНТ, „Да живее долна дупка“, Театар комедија, „Едно предавање“, Театар Прешево, „На траг“ Тетар Крагуевац, „Грабеж на дијамантот“ Албанска драма Театар Куманово, „Петок 13“ Струмички театар, „Покондирена тиква“, Народно позориште Пирот, „Постојаната сопруга“ Сатиричен театар Софија и „Разбиди се Тина“ – премиера Кумановски театар.
И годинава на десетти октомври ќе бидат доделени награди за најдобра претстава, најдобра женска и машка улога, најдобра сценографија, костимографија и најдобра режија. Истата вечер ќе биде и репризното издание на претставата „ Разбуди се Тина“.
Сите претстави ќе започнуваат од 20 часот.
Лауреат на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија 2025“ година е истакнатата актерка Весна Петрушевска. Наградата „Васил Иљоски“ Весна Бејби ќе ја добие за нејзиниот исклучителен придонес во театарската уметност, а особено во областа на комедијата. Свеченото врачување на наградата ќе се одржи на денот на отворањето на фестивалот, во големата сала на Центарот за култура.