Кумановските рибари го одбележаа Богојавление

Кумановските рибари, заедно со останатите граѓани го одбележаа празникот Богојавление-Водици. Тие како и претходните седум години се собраа да прослават со грејана ракија, пивтии и дружба. Велат дека овој ден е значаен за рибарите и затоа секоја година кршат лепче со паричка и избираат кум.

– Бог се јави, навистина се јави. Среќен празник на сите рибари и оваа седма година како и претходните на ова друштво на овој ден јас ќе го предадам кумството. Среќно нека е на сите-истакна стариот кум, Виктор Ристовски.

Новиот кум, Момчило Ајданиќ,  се надева дека паричката ќе му донесе здравје, среќа и успех.

-По седум години јас имам чест сега да бидам кум, нека ни е со среќа на сите,  да сме живи и здрави-нагласи тој.

Рибарите се надеваат дека ваквото одбележување ќе остане нивна традиција. Тие се надеваат дека наредните години одбележувањето ќе стане уште помасовно.

Коментари

коментар(и)