Кумановски акцијаши на работна акција во Краљево

Од 24 јули до 7 август Кумановски акцијаши ќе се приклучат на младинската работна акција „Краљево 2016-та“. Деновиве се формира младинската работна бригада , а пријавувањето трае до 10 –ти месецов. Групата од 20 волонтери од Куманово која што ќе учествува во акцијата во Краљево ќе има можност да помогне во санирање на теренот кој што бил поплавен претходниот период.

-На покана на долгорочна соработка меѓународна доброволна акција со наши волонтери и ветерани, 10  и 10, подготовки, селска акција во режановце во сабота, волонтерите се веќе избрани, тие што учествуваат на нашите акции, се уште трае пријавувањето, двајца команданти, -изјави Звонко Величковски, Кумановски акцијаши

Освен од Македонија и Србија во акцијата ќе учествуваат и волонтери од Словенија и Босна и Херцеговина. За учесниците има обезбедено превоз, сместување и храна, посочуваат од Здружението за доброволна волонтерска работа „Кумановски акцијаши “ .

Коментари

коментар(и)