Отпочна карванот „Македонија вработува 2“

Од Куманово денеска отпочна карванот „Македонија вработува 2“. Наредните три месеци невработените граѓани и приватните компании ќе имаат можности директно од министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на агенцијата за вработување Влатко Поповски  да се информираат за мерките и бенефитите кои што ги нуди овој проект кој во изминатата година отворил голем број работни места и помогнал на повеќе од 480 компании на ниво на државата.

-Колку повеќе ги доближиме можностите кои ги нуди проектот,толку поголем број на работни места ќе се отворат,толку на повеќе луѓе ќе помогнеме идниот период и затоа ги повикувам сите приватни компании да ги искоритата поволностите и можностите кои ги нуди проектот „Македонија вработува  , изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика

Во врска со постоење на евентуални злоупотреби на проектот од работодавачи, министерот Спасов посочи дека во самиот проект предвидени се заштитни механизми  за постоечките вработени во компаниите,односно проектот не може да го користи компанија која што  го намалила бројот на вработени изминатиот период или пак не плаќа редовно даноци, плати и социјални придонеси  за своите вработени.

И системот на агенцијата за вработување веќе е подготвен за вториот дел од „Македонија вработува“ , а работодавачите за почеток треба да поседуваат само потврда од УЈП за платени давачки.

-Мора да нагласам дека пресечниот датум е 12 –ти мај  20016 со кој што го земаме бројот на вработени кои што се во таа комапнија, така што после  овој период доколку има намалувања може да биде само по основ на природен  отказ тоа се двата основни случаи во делот на починати работници или пензионирани ,  изјави Влатко Поповски, директор на АВРМ

Надлежните наредниот период ќе ги посетуваат и компаниите со цел да ги образложат сите мерки бидејќи проектот „Македонија вработува “ може да се комбинира со други мерки како што е практиканство или пак обука кај познат работодавач.

Со „Македонија вработува“ во Куманово досега се вработени 911 лица

Коментари

коментар(и)