Кумановци задоволни што и онлајн можат да уплаќаат лото

Кумановци се задоволни што од неодамна омилената игра на Државната лотарија на Македонија, лото, можат да уплатат и онлајн. Велат дека повеќе нема да мораат да чекаат во редици за да ги уплатат своите среќни бројни.

Љубителите на игрите на среќа од Куманово се задоволни што од неодамна имаат можност уплатата на Лото и Џокер, да ја направат преку интернет на веб страницата на Државната лотарија на Македонија. Велат дека се среќни и повеќе нема да пропуштаат кола, заради чекање редици на уплатните место, туку тоа можат да го сторат од секаде, само е потребно да се онлајн, да ги напишат своите среќни бројки и да очекуваат добивка.

-Запознаена сум со таа опција, затоа што имаше активна промоција преку социјалните медиуми и телевизиите. Оној момент кога си слободен доколку користиш, социјални мрежи, медиуми, навистина се заштедува време отколку да излезеш и да уплатиш, така што онлајн дали ќе е од дома или од канцеларија прилично е лесно и достапно од кое било место-вели една кумановка.

-Не сум запознаена, но мислам дека е добра можност да се уплаќа онлајн. Мислам дека од дома би било најсооветно за уплата. Би можела да уплатам и доцна во ноќта кога завршувам со своите обврски-дополнува втора кумановка.

-Запознаена сум слушнав дека имаме и таква можност да уплаќаме за лото. Многу е добро што можеме и додека сме на кафе да си напишеме бројки- истакна трета кумановка.

Од Државната лотарија на Македонија најавуваат уште многу  новини во следниот период. Се надеваме дека љубителите на игрите на среќа од Куманово, што поскоро да се најдат под Среќната ѕвезда.

Коментари

коментар(и)