Кумановци со телесен инвалидитет најдобри во пинг понг

Сојузот за спорт и рекреација на инвалидите Куманово, во соработка со Општина Куманово и ОССК викендов беше домаќин на петтото и шестото коло од државната лигата во пинг понг за спортисти со телесен инвалидитет за 2019 година.

Натпреварот се одржа во рамките на Куманово-Европски град на спортот за 2019 година, а посветен на јубилејот 500 години Куманово.

Нашите спортисти Страшко Коцевски, Зоран Трајановски и Небојша Ташиќ, предводени од тренерот Мики Трендафиловски извојуваа максимално победи над своите противници и се наоѓаат на врвот на табелата по одиграни 6 кола со максимални 12 поени.

На второто место е екипата на Прилеп со 10 поени а на третото Кисела вода од Скопје со 6 поени.

Коментари

коментар(и)