(ФОТО) Црвен крст Куманово со прво место на државен натпревар

Општинската организација на Црвен крст Куманово и оваа година со своја екипа учествуваше на 28-от државен натпревар по Прва помош кој се одржа од 21-22 септември во Битола под мотото “Твоето незнаење чини живот”.

Во конкуренција на 28 екипи од исто толку општински организации поделени во две категории, прва помош и дисеминација, екипата на општинската организација на Црвен крст Куманово во категоријата дисеминција го освои првото место додека во категоријата на првата помош го освоивме четвртото место.

Коментари

коментар(и)