Света литургија во чест на христијанскиот празник Богојавление – Водици ќе се одржи в недела во соборниот храм „Свети Никола“ во Куманово. По литургијата ќе биде осветена водата и крстот и околу 10 часот традиционално ќе биде положен крстот во базенот во дворот на црквата. Како и секоја година, и годинава нема пријавување на верниците кои што сакаат да скокаат по светиот крст во водата, информираат надлежните од соборниот храм „Свети Никола“.
Годинава, црквата „Света Троица“ нема да организира скокање по крстот во базенот.
Фрлање на крст ќе се организира и во Бедиње, традиционално во река. Годинава активноста ќе биде во рамките на проектот „Безбедни училишта, под мотото „Празници зближуваат“.
И во селата Довезенце и Драгоманце светиот крст ќе се фрла во река.