Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие регистрира две интервенции, информира во дневниот билтен Регионалниот центар за управување со кризи.
Пожарникарите вчера интервениале на опожарен оџак на семејна куќа на улицата „Лесковачка“ . Пожарот бил изгаснат за четириесетина минути.
Втората интервенција e на опожарен електричен столб ( бандера ) и електрични броила на столбот во Средорек. Интервенцијата траела еден час, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи.