МВР во акција за заплена на дрога вредна 100.000 евра

МВР информира дека во заедничка координирана акција на територијата на СР Германија на почетокот на септември 2021 година, по интензивна меѓународна соработка помеѓу Оддел за организиран и сериозен криминал при МВР и надлежните германски служби за борба против недозволена трговија со дрога, реализиран е случај на недозволена трговија со дрога, при што е запленета поголема количина на марихуана, со висок квалитет во вредност над 100.000 евра.

При тоа од страна на надлежните германски служби за борба против дрога за сега лишено од слобода е едно лице, а истрагата продолжува, соопшти МВР.

Коментари

коментар(и)