Стипендии на ученици со попреченост

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“го реализира Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието и со финансиска поддршка од Европската Унија. Проектот има за цел да придонесе кон целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта, кои прераснуваат во безбедни средини што се отворени и пристапни за сите деца и посветени да обезбедат квалитетно образование на децата со разновидни образовни потреби.

Една од главните активности на Проектот е доделување стипендии на деца со попреченост, чија цел е да се пружи поддршка на семејствата на децата со попреченост во надминување на трошоците поврзани со нивното школување, училишни материјали, специјализирана опрема,.

Во текот на учебната 2020/2021 година, проектот обезбеди стипендии на 322 деца со попреченост кои се запишаа и редовно посетуваа настава. Проектот ќе ја продолжи поддршката на овие стипендисти, но и ќе овозможи дополнителни стипендии за нови 150 ученици со попреченост

Висината на месечната стипендија е 50 евра и ќе се доделува за 10 месеци, од септември 2021 г. до јуни 2022 г.

Средствата од стипендијата ќе се исплатат на родител/старател на ученикот.

Можност за пријавување имаат децата кои ги исполнуваат следните основни критериуми:

  • Да се деца со попреченост кои во учебната 2021/2022 година се запишуваат во прво одделение,
  • Да поседуваат документација за вид и степен на попреченост (Наод и мислење и/или Наод од стручно тело за проценка на функционирање, попреченост и здравје),
  • Да се обврзат на редовно посетување на наставата, во зависност од индивидуалните можности и согласно препораките за безбедно посетување настава во услови на пандемијата КОВИД-19,
  • Да не се корисници на било каква друга стипендија доделена од било која друга институција или компанија,
  • На родителот/старателот кој аплицира во име на кандидатот за стипендија да не му е одземено родителското право.

ЦЕЛОСНИОТ ОГЛАС МОЖЕТЕ ДА ГО НАЈДЕТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК

https://www.stepbystep.org.mk/novosti-i-nastani/oglas-za-dodeluvanje-stipendii-na-uchenici-so-poprechenost-zapishani-vo-i-oddelenie-vo-uchebnata-2021-2022-g?fbclid=IwAR0aFFEz1mTv2jTgEeJMQ2jjGH5stmY4rsvrDBrOyOE3ZAdJ_illMPqdEUQ

 

Коментари

коментар(и)