Меѓугранична соработка на руралните општини

Да се постават основи за аплицирање на проекти е целта на тридневната работилница која од вчера се случува во општина Ранковце,  а ја организира Постојаната работна група за регионален рурален развој на Југоисточна Европа, односно меѓународна меѓувладина организација која е креирана од владите, односно од министерствата за земјоделство од Југоисточна Европа, со цел да се  интензивира соработката меѓу земјите во областа на земјоделството и руралниот развој.  На работилницата  присуствуваат претставници на општините Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, Ќустендил, Бујановац, Трговиште, односно оние кои се наоѓаат во Пчинскиот регион.

-Се работи за меѓугранична соработка со општини кои имаа слична економска, социјална анализа за региони каде многу села се напуштени, предуслов беше да има 150 луѓе но со оглед на миграцијата се работи и на помалку. Има 4 региони каде веќе функцуионира се имплементираат проекти, со активности и слично. Очекуваме во нареден период да ги прошириме и во овој регион-истакна  Предраг Марковиќ регионален координатор Пчиња Краиште регион.

 

Градоначалниците на општините Старо Нагоричане и Ранковце се согласија дека овие средби се одлична можност за заедничко делување. Тие се надеваат дека по утврдување на ресурстите со кои располагаат ќе можат да преземат конкретни активности.

-Ќе пробаме да направиме една заедничка структура која ќе проба да им помогне на општините, невладините, бизнисот заеднички преку проекти да аплицираме за меѓугранична соработка и на сите други фондови да направиме нешто во насока на унапредување на туризмот пчеларството, мислам дека и оваа тридневна работилница ќе успее првата беше во Босилев град, Крива Паланка Ќустендил, Старо Нагоричане денеска го направивме логото на Пчинскиот регион се надевам дека ќе почнеме и со конкретни резултати-посочи Милован Стојковски градоначалник на Старо Нагоричане.

-Меѓугранична средба ги разгледуваме ресурсите за да можеме да аплицираме со помош на здружението од запад, да ги провериме ресурсите околу туризмот, земјоделството, шумарството, за да можеме да аплицираме заеднички и да добиваме средства за унапредување, здружување на општините да правиме поголеми заеднички капацитети-истакна градоначалникот на Ранковце Момчило Алексовски.

На последниот ден на средбата е планирано да се избере претседателство.

 

 

Коментари

коментар(и)