Мигранти се нападнале меѓу себе и украле пари

Полициски службеници во атарот на село Табановце, лишиле од слобода триесет и едногодишен и дваесет и петгодишен мигрант од Авганистан, поради сомнение дека извршиле разбојништво, врз 28-годишен мигрант од Индија. По преземени мерки и по извршениот разговор било утврдено дека двете лица од Авганистан физички го малтретирале и му ги одзеле парите. Парите подоцна биле пронајдени, а е утврдено дека сите три лица илегално влегле од Грција во  Македонија.

Коментари

коментар(и)