Наредната година ќе се санира хотел Солун

Во кружната сала на поранешен Комитет денеска се одржа првата работилница во рамки на проектот од СБС програмата за меѓугранична соработка, кој го реализира Општина Куманово заедно со општина Дупница од Република Бугарија. Проектот е насловен „Заедничка историја и култура, Мост преку границите“, а во него е предвидена санација на објект во градот, поранешен хотел Солун.

-Предвидени активности во рамки на проектот се зачувување и реставрација, санација и адаптација на поранешниот хотел Солун исто така набавка и целосно уредување на ентериерот. Во општина Дупница зачувување на зградата од кружната сала со целосна реконструцкија на салата. Потоа ќе правиме стратегија за промоција на стариот урбан начин на живот , организирање на фестивал на наследство.  Тоа се ќе зависи од тендердската постапка која е во тек, но се надеваме дека крајот на февуари, почетокот на март би требало да започне реконструкцијата-посочи Александар Крстевски од Општина Куманово.

Коментари

коментар(и)