„Наце Буѓони“ дел од меѓународен еколошки проект

Средното техничко училиште Наце Буѓони заедно со католичката гимназија „Петар Барбарин“ од Травник, Република Босна и Херцеговина и економското-трговско училиште од Кикинда, Република Србија, го имплементира проектот 3 for Eco, кој е поддржан од Регионалната програма за мобилност на младите од Западен Балкан.  Проектот има за цел преку мобилност на младите од трите држави со одредени активности да придонесат во зачувување на животната средина.

-Првата посета ќе биде во нашето училиште во март, потоа следува посета во мај во Кикинда и завршна манифестација е во БиХ, место каде што го потпишавме овој договор.  Во овој проектот кај нас во државата учениците ќе имаат посета на националниот парк Маврово каде ќе вршат истражување од областа на ботаниката, растенијата кои што ги има, посета на Водно и работилница во нашето училиште, во рамки на тие активности ќе има и еколошка акција во нашиот двор и Сколанскиот парк-истакна директорот на техничкото училиште Драган Јаневски.

Надлежните сметаат дека придобивките кои што ги носат ваквите проекти, се доста значајни.

-Придобивките се пред се зближување на учениците и културите на овие три балкански држави, размена на ученици, да видат каква е состојбата во нивното училиште и пред се одговарање на темата, подигање на свеста за екологијата-дополни тој.

Проектот ќе се реализира седум месеци.

Коментари

коментар(и)