Низа активности во дневниот центар „Порака наша“

Во рамки на редовната програма на дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Порака наша, деновиве се спроведуваат низа активности.  Како дел од проектот Заедно кој што центарот го работи во соработка со Здружението Солем од Скопје и Удруга за самозастапување од Загреб, финансиран од Европската унија, започнаа и работилниците за самозастапување и самоодредување.

-Досега работилниците беа свртени повеќе кон корисниците што тие можат, што сакаат, сами зборуваат во свое име додека сега работилниците за самозастапување ќе стават акцент повеќе на конвенцијата за правата на лицата со посебни потреби, тие самите ќе разговараат, ќе ги водат работилниците, бираат теми на кои ќе дискутираат ќе гледаме вести, ќе се обидеме да се вклучиме во тековните активности во државата, ќе се обидуваме да ги читаме законите, чекор по чекор некако да се стекнат со увид во тоа што се човекови права кои права тие ги поседуваат и на кој начин да ги здобијат тие права-истакна Мартина Костовска, психолог Порака наша.

Корисниците на дневниот центар Порака наша ќе започнат и со работилници за фотографија, при што ќе може да се види светот преку нивните очи. Надлежните планираат да спроведат и музички работилници, со цел да се развијат нивните музички способности, да разликуваат ритам и ноти. Паралаелно со тоа течат и повеќе хуманитарни акции меѓу кои и Едно капаче, една надеж, која се однесува за цела територија на Република Македонија.

-Тоа е акција која е започната од македонската медицинска студентска асоцијација и целта е да се соберат што повеќе пластични капачиња. 250 килограми од нив се донираат во Турција и тоа е  еднакво на една инвалидска количка која се донира на семејство кое нема финасии да си го дозволат тоа. Ние од Куманово решивме да се вклучиме во таа акција имаме пункт знаеме дека имаме и во Мултикулти, но секојдневно доаѓаат луѓе кои донираат и овде не мора тоа да биде капаче може каков било пластичен предмет на тој начин акцијата освен што е хуманитарна станува и еколошка-нагласи таа.

Во тек е и акцијата за собирање плишани играчки,  кои по дообработка ќе бидат ставени на претстојната продажба изложба по повод Празникот на жените 8-ми март.

 

Коментари

коментар(и)