Од полноќ нови цени на нафтените деривати

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 %, информираат оттаму. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ се намалуваат за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од минатата недела. Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 0,19 денар/килограм и сега ќе изнесува 36,6 ден/кг.

Коментари

коментар(и)