Опожарен оџак на куќа во Куманово

Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие интервенирала на опожарен оџак на куќа, лоцирана на улицата „Љупчо Арсовски“. Пожарот бил изгаснат за околу час и половина, информира утрово Регионалниот центар за управување со кризи.

Инаку, апелот од ТППЕ Куманово пред секоја грејна сезона е да се исчистат навремено оџаците на домовите за да се избегнат ризиците од евентуално опожарување.