Општината го избра најдобриот сувенир за 2018-та

Сувенир со мотиви од Спомен Костурница и Занаетчискиот дом е избран за најдобар, на конкурсот што традиционално и оваа година го распиша Општина Куманово. Делото го создаде кумановката Јелена Спасовска, која се занимава со занаетчиство. Целта на овој конкурс, како што истакна градоначалникот Максим Димитриевски, е да се промовира традицијата и културата на Куманово.

-Ова е со цел да се запази културното наследство на нашиот град, овие мотиви се автентични од општината. Сметам дека изборот на Занаетчискиот дом доаѓа во вистинскиот момент, бидејќи оваа година општината има намера да се посвети на развојот на економијата во градот, занаетчиството и она што значи економската развојна зона, Новини и Речици каде планираме оваа година да имаме одредени финансиски вложувања во дел на инфраструктурни проекти.  Воедно како што знаете оваа 2019—та е јубилејна за нашиот град, празнуваме 5 века од постоењето на нашата општина и сметаме дека овој сувенир ќе заземе вистинско место во делот на нашето претставување и промовирање на градот-посочи Димитриевски.

На конкурсот учествувале  голем број автори од Куманово, но и другите градови. Креаторката на најдобриот сувенир  од општината ќе добие 30.000 денари, а има обврска да достави 10 примероци, кои ќе врачуваат на збратимени, пријателски градови и други гости.

-Занаетчискиот дом и Спомен костурница, според мене се надевам дека и останатите ќе се согласат, се најубавите и најрепрезентативните дела на Куманово. Добив идеа да ги спојам во едно, како сувенир а инспирација ми беше и знамето на градот. За овој сувенир употребив срмен конец, во филиграм техника, на плиш подлога во стаклено- дрвена рамка-посочи авторката на сувенирот-истакна авторката Јелена Спасовска.

Градоначалникот на Куманово им се заблагодари на сите автори кои учествувале на конкурсот и ги повика наредните години уште помасовно да се пријавуваат.

Коментари

коментар(и)