Отворен клуб на лекувани алкохоличари

Во Куманово е отворен Клуб на лекувани алкохоличари. Сите заинтересирани граѓани ќе може да им се обратат во просториите на Црвениот крст, секоја среда од 18 до 20 часот. Од клубот се надеваат дека граѓаните ќе соработуваат со нив, за своето, но и  за доброто на најблиските.

-Досега ваков клуб во Куманово немаше, сега го отвораме и се надеваме на успешна работа. Овој клуб се отвора со цел да им помогне на лицата зависници од алкохол, оние што употребуваат алкохол и имаат проблем со него, да им даде психосоцијална поддршка при апстиненција и одржување на апстиненцијата-истакна Сања Јовановска, психолог и семеен и системски советник.

Досега кумановци биле принудени да ги посетуваат клубовите во Скопје. Но, поради одалеченоста, финансиските средства често се откажувале, иако имале голем бенефит.

-Немаме ние точна бројка за Куманово колку се пие, сега можеме и тоа да го направиме меѓутоа сепак тоа покажува дека е голема бројката. Голема е бројката и на кумановци кои доаѓаат со решение од судот изречена мерка од задолжително лекување заради семејно насилство што е исто така голем проблем. И не е проблем само некој да дојде во болница и да се лекува, поголем проблем е она што ние во болницата ќе го направиме, односно да воспостави апстиненција, а потоа да ја одржи. Кај нас секаде се пие од некој кога ќе се роди, па до погреб, секаде се служи алкохол така што е тешко да се одржи апстиненцијата а клубот на лекувани алкохоличари им помага-нагласи доктор Павлина Васкова од психијатриската болница Скопје.

Во Македонија според податоци од 60 до 80.000 граѓани се зависници од алкохол.

Коментари

коментар(и)