Отворен оглас за самовработување

Невработените лица од градот до 10-ти март ќе имаат можност да аплицираат за добивање грант за самовработување, една од најатрактивните мерки кои што ги спроведува Агенцијата за вработување на Република Македонија, а е дел од оперативниот план на Владата. Мерката самовработување предвидува грант од 4 илјади евра неповратни средства за секоја креативна идеа и бизнис план.

-Право на учество имаат сите невработени лица, во 2016 година со оваа мерка имаме основано 106 микро претпријатија во трите огласи. Воедно апел до сите невработени лица кои имаат креативност во себе да повелат во Aгенцијата за вработување да се информираат каде ќе ги добијат сите упатства за учество во мерката-истакна раководителот на Агенцијата за вработување Куманово, Милорад Тренчевски.

Раководителот на агенцијата за вработување во Куманово посочи дека изминативе години благодарение на оперативниот план е намален бројот на невработени во градот. Тренчевски додаде дека планот опфаќа мерки кои се однесуваат за невработени млади до 29 години, корисници на социјална парична помош, долгорочно невработени, лица со инвалидитет и други активни баратели на пазарот на трудот.

-Во наредниот период ќе бидат активирани  и другите огласи што се дел од оперативниот план тоа се обуки, обука со субвенционирано вработување, обука кај познат работодавач, дефицитарни занимања, напредни ИТ вештини за сообраќајната струка исто така е атрактивна, јазици, компјутери тука е и мерката доделување на грант за отворање на приватни старски домови, детски градинки што ќе бидат субвенционирано по 10.000 евра од државата-истакна тој.

Бројот на невработени во Куманово изнесува 18.951 лица,  од кои активни баратели се 9. 830. Со проектот  Македонија вработува 2 лани се вработени 309 лица. Истиот трае до 28-ми јуни годинава.

 

Коментари

коментар(и)