Пензионерите со претставата „Шути и рогати“

Членовите на драмската секција при Здружението на пензионери синоќа во Народниот театар ја изведоа претставата Шути и рогати, од Драгољуб Димковски. Се работи за комедија која што пензионерите веќе неколку пати ја имаат изведувано, но со различна актерска екипа. Пензионерите истакнаа дека им е драго што успеале да предизвикаат насмевка на лицето кај своите сограѓани. Додаваат дека уживаат во ова што го работат.

-Ова е комедија, интересна од нашиот крај од нашето поднебје, вистинито случување, претставата е интересна, воодушевени сме, секогаш е полна сала-изјави Љубица Кузмановска.

 

Инаку пензионерите досега ги изведуваа и претставите Ленче Кумановце, Печалбари, Претставата Р и Сомнително лице.

 

Коментари

коментар(и)