Последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи покажува дека водостојот на реката „Пчиња“ е над просекот за месец март.
Според податоците од 07:30 часот утринава, на мерната станица лоцирана во атарот на селото Пелинце, водостојот на Пчиња е во пораст и изнесува 92 сантиметри.
Во споредба со вчерашните мерења се бележи пораст од минимални четири степени.
Сепак, тоа е над просекот за месец март, што изнесува 70 сантиметри.