Поетот Дејан Алексиќ на средба со ученици во „11-ти Октомври“

Еден од водечките српски поети од помладата генерација, Дејан Алексиќ денеска одржа работилница со учениците во основното училиште „11-ти Октомври“.

Алексиќ е добитник на престижни книжевни награди во Србија, меѓу кои „Бранковата награда”, „Бранко Миљковиќ” и „Меша Селимовиќ.

-Денеска имаме посета од многу признаен автор, учествуваат ученици од шесто до осмо одделение, ќе имаат средба со него, работилница.  Се надеваме дека ќе имаме и гостувања на други писатели, за да учениците имаат контакт со писателите, да се запознаат подобро со нив, да ги видат книжевните дела. Писателот е и драматург, пишува книжевни дела за деца, има добиено многу награди-истакна Радмила Цветановска, библиотекар при ОУ „11-ти Октомври“.

Алексиќ денеска заедно со директорот на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците, Милутин Станчиќ,  ги посети и учениците во Старо Нагоричане.

-Многу ги сакам овие средби со децата, помладата читателска публика. Тие се важни, бидејќи таквите средби на писателите им ставаат до знаење појасно што е тоа што ги децата интересира, како реагираат, дали се променил хуморот, дали има потреба за некој нов вид досетки. Јас припаѓам на група писатели кои имаат во своите песни присуство на нонсенсот, игра со изменета смисла. Тоа е привлечно за сите деца, треба да се спуштиме на нивото ниво, тоа е почитувањето на личноста, со тоа се водам. Јас очекувам дека од нив можам многу да научам-истакна тој.

Песните на Алексиќ се сместени во бројни зборници и антологии, а  е преведуван на англиски, германски, норвешки, бугарски, грчки, македонски, унгарски, словачки, словенечки и руски јазик.

Коментари

коментар(и)