Во текот на вчерашниот ден Секторот за внатрешни работи Куманово евидентира повеќе настани.
Полициски службеници вчеравечер лишиле од слобода 33-годишен граѓанин и еден малолетник бидејќи на улицата „Перо Тошев“ во Куманово нападнале 85-годишен дедо и му одзеле пари. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање наслучајот против нив ќе следува соодветна пријава.
Полициски службеници од СВР Куманово и социјални работници вчера презеле мерки за сузбивање на питачењето. Имено, пред локалитетот „Комитет“ во Куманово била затекната жена на возраст од 39 години и нејзиното малолетно дете, при што кај неа биле пронајдени пари. По целосно документирање на случајот против неа ќе следува пријава поради сомнение за сторено кривично дело по член 201 од Кривичниот законик.
Во СВР Куманово вчера 89-годишен кумановец пријавил злоупотреба на службена положба од страна на извршител од Куманово при што бил оштетил за сума од 158.534 денари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.